13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ПСЖ ОБЗНАНИ: НЕЈМАР МОЖЕ ДА СИ ОДИ, НО САМО ПОД ОВОЈ УСЛОВ

Се погласни се шпекулациите дека Нејмар и покрај неговата одлична заработувачка, како и фактот дека е најдобар играч во Франција, ќе го напушти шпанското првенство и ќе замине во кралскиот клуб од Мадрид. Како што веќе е и познато, бразилскиот надежен фудбалер не е задоволен од тоа како напредува неговата кариера во Франција, па според последните пишувања на медиумите од светот, тој веќе се кае поради трансферот.

Она што му дава и мала надеж во целиот случај дека тој навистина ќе биде препознатлив како најдобар фудбалер во блиска иднина е евентуално негово заминување во Реал Мадрид. Според шпанските медиуми ова е и желба на самиот фудбалер чиј татко веќе ги договорил условите со првиот човек на управата на мадридскиот клуб Флорентино Перез.

Според шпекулациите изнесени во француски медиуми, блиски до ПСЖ, извори од управата на францускиот клуб велат дека Нејмар слободно би можел да замине, но само под услов оваа година да ја освои Лига на Шампиони.

поврзани објави

Последни објави