13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ШОК НА ТРАНСФЕР ПАЗАРОТ! Сити и Атлетико ги заменуваат Кун и Гризман

Манчестер Сити и Атлетико Мадрид подготвуваат сензационална размена на своите голмајстори преку летото, пишува весникот „Сан“.

Според изданието “граѓаните“ ќе го земат Антонио Гризман, а голмајсторот №1 во историјата Серхио Агуеро ќе се врати во Атлетико.

Менаџерот на Сити Пеп Гвардиола е голем фан на Гризман, а во истото време се наоѓа во посериозен конфликт со Агуеро. Се смета дека Кун е подготвен на рокада, бидејќи не се чувствува задоволен од каталонскиот стратег.

Барселона веќе го резервира бројот 7 за Гризман, надевајќи се дека истиот ќе го оправда неговото носење.

Атлетико нема ништо против размената, бидејќи веќе се помирил со фактот, дека не може да го задржи нивниот фудбалер. Во договорот на Гризман има клаузула, според која тој може да си замине преку летото за 100 милиони евра.

Ако Атлетико го продаде на друг клуб, ќе треба да му најде негов заменик. Со оглед на денешните реалности на пазарот клубот од Мадрид тешко дека ќе успее да земе нов топ – стрелец за истата сума.

Ова изгледа најлогичен исход за крајот на сезоната а дали таков договор ќе има меѓу двата клубови е се поизвесно.

поврзани објави

Последни објави