20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Кит Убиец Може Да Имитира Човечки Говор (ВИДЕО) (ФОТО)

Освен тие се најголемите суштества на земјата, китовите се познати и по добро развиените комуникациски вештини, а новиот експеримент покажува дека китот убиец, познат како орка, може да имитира и човечки говор.

Предтходно се сметало дека тоа го можат само некои видови на птици, фоки, слонови и делфини.

Научниците тврдат дека ја снимиле орка Вики како со својот тренер ги повторува зборовите „здраво“ и „довидување“, брои до три а воедно го изговара името на тренерот Ејми.

Оваа 14-годишна орка е прва во светот за која научниците забележале како повторува човечки зборови, пренесува британскиот „Телеграф“.

Вокалната имитација е одлика на човечкиот говор, која од други когнитивни способности била клучна за развој на човечката култура, кажува Хосе Абрамсон од универзитетот Комплутенс во Мадрид

Научниците кои биле вклучени во ова истражување изјавуваат дека ова можеби е само дел од нивните вокални способности, кои би можеле да бидат и поголеми.

поврзани објави

Последни објави