6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Како ќе изгледаше светот без интернет?

Ова е само едно од многуте можности кои можеле денес да бидат реалност во нашиот свет.

Дали некогаш сте се пронашле сред разговор со постара личност која ви зборувала како светот бил поубаво место пред да завладеат социјалните мрежи и интернетот? Многумина од нас, кои припаѓаме во помладите генерации често знаеме да се најдеме во вакви ситуации, па секој од нас се има запрашано каков би бил животот ако интернетот никогаш не станал хит, а човекот никогаш не би бил зависен од проверување вести, комуницирање со пријатели и ред разни други работи.

Како и да е, нема сомнеж околу тоа дека интернетот го има променето нашиот свет, во смисла на комуницирање, поминување време, забава и пристап до информации.

Се започнало во далечната 1960-та година кога Американците, кои живееле во страв од можноста за нуклеарна војна со Русија, сакале да постигнат метод и да дојдат до начин на пренесување информации низ повеќе компјутери, односно начин кој не би одземал долго време и кои тогашните компјутери би можеле да го процесираат сето тоа.

Но во оваа нова ситуација која ние ќе ја разгледаме денес, интернетот воопшто не бил измислен, па со оглед на тоа, во ова сценарио започнуваме уште во времето кога првите мобилни телефони биле наменети само за комуникација и за СМС пораки.

Првото нешто кое би било драстично различно би бил изгледот на денешните телефони. Кога ќе земеме во предвид дека мобилните телефони односно смарттелефоните се надоградувале со големи екрани на допир со цел да конзумираме повеќе содржина (видеа, слики и слично), тогаш може да се каже дека телефоните во оваа друга реалност никогаш не би имале огромни екрани, односно тие би функционирале со повеќе копчиња, како резултат на развивањето на СМС пораките и телефонските повици.

Иако постои можност многу компании да произведуваат телефони со огромни екрани кои би функционирале на допир, ваквите телефони би имале астрономска цена, (како и денес повеќето) па затоа поголемиот дел од луѓето би се задржиле за поевтин дизајн со копчиња и мал екран.

Кога станува збор за видео игрите на кои секојдневно поминуваме многу време пред малите екрани, тие воопшто не ни би постоеле, а во оваа категорија секако влегуваат и познатите апликации и социјални мрежи како што се Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Снапчат и останати.

Непостоењето на видео игрите на нашите телефони би отворило опција за многу компании за видео игри да работат на свои продукти како мини-таблети со контролери и разни копчиња, или пак видео игри кои би се играли со вметнување на картици (дискети) во телефоните, нешто како нинтендо системот, се сеќавате?

Секако, во вакво сценарио треба да се спомнат и промените кои луѓето ќе ги доживуваат во смисла на запознавање, поминување време, и комуницирање, а без повеќето социјални мрежи, луѓето би биле повеќе фокусирани на запознавање други луѓе во вистинскиот свет, отколку на интернет.

Во свет каде што ги немаме социјалните мрежи ниту разни интернет сајтови за да се информираме, главниот извор на информации за тоа што се случува во целиот свет би бил нашиот телевизор и ТВ каналите, кои во ова сценарио би биле доволно развиени, па шансите секој од нас да има неколку илјадници ТВ канали на својот телевизор се огромни.

Фото

Ова исто би значело дека секоја информација која луѓето ќе ја примаат ќе биде строго контролирана од луѓето коишто ракуваат со медиумите, а како резултат на тоа, големиот број на трендови кои потекнале од социјалните мрежи би ги немало, а луѓето би биле помалку информирани околу се што се случува во светот.

Колку и да звучи незамисливо за секој од нас кој денес речиси зависи од социјалните мрежи, светот би изгледал нешто вака без социјалните мрежи, а најбитно од се, во реалност каде не би постоел интернетот, немало да го читате овој артикл. Звучи бизарно нели?

поврзани објави

Последни објави