13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Ученици од Делчево во посета на Собранието на Република Македонија

Пратеничката од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз на Република Македонија, Мира Стојчевска денеска во Собранието на Република Македонија ги пречека учениците од двете основни училишта од Делчево, како и учениците од СОУ Методи Митевски Брицо од Делчево.

  • Денес, на мое големо задоволство, во посета на Собранието на Република Македонија беа прекрасните ученици од двете основни училишта – ОУ Св. Климент Охридски и ОУ Ванчо Прке како и учениците од СОУ Методи Митевски Брицо од Делчево. Тие остварија средба со Претседателот на Собранието, господинот Талат Џафери и со генералниот секретар на Собранието г-ѓа Цветанка Иванова. Собранието на РМ секој петок е отворено за граѓаните.
ФОТО

поврзани објави

Последни објави