Во Кривичниот суд денеска почнува судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Трезор“, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Според новиот распоред на судии во Кривичниот суд, предметот ќе го води судијката Џанета Бегтовиќ.
Покрај Мијалков во случајот се обвинети и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој е во бегство во Солун.
Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на буџетот при набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.