13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ФАБРЕГАС ИЗНЕНАДИ СО ИЗБОРОТ: Тој ги има сите предиспозиции да ја освои Златната топка

Офанзивецот на Челси Еден Азар (27) ги има сите потребни предиспозиции да ја освои Златната топка, вели неговиот соиграч Цекс Фабрегас.

Фабрегас во очи на вчерашното гостување на Челси кај Ватфорд, во 26. коло од Премиер лигата, изјави дека Азар го поседува талентот да биде прогласен за најдобар фудбалер на светот.

Тој е играч кој може да игра еден на еден, може да дојде во посед на топка, може да асистира и покажува сјајни таленти со топката. Од него зависи колку сака да ја освои Златната топка, рече Фабрегас во интервју за Скај Спортс.

Белгискиот репрезентативец е еден од клучните играчи на Челси, со кој минатата година ја освои титулата во Англија. Оваа сезона има постигнато осум лигашки голови.

https://www.youtube.com/watch?v=4xdAEG1zWPM

поврзани објави

Последни објави