13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Почнува судењето за случајот „Tрезор“ , првообвинет е Мијалков

Во Кривичниот суд денеска почнува судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Трезор“,  во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Според новиот распоред на судии во Кривичниот суд, предметот ќе го води судијката Џанета Бегтовиќ.

Покрај Мијалков во случајот се обвинети и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој е во бегство во Солун.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на буџетот при набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика  Британија.

поврзани објави

Последни објави