13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ГИ ЗАСЕНИ И МЕСИ И СУАРЕЗ: Ги освои најголемите скептици и покажа дека е најголемото засилување на Барса…

Младиот французин е брилијантен на теренот на Камп Ноу уште од своето доаѓање од Лион, а неговото име највеќе се скандираше како што се ближеше крајот на мечот против Валенсија на натпреварот во четврток навечер.

ФОТО

Јохан Кројф еднаш рече да се игра фудбал е едноставно, но да се игра едноставен фудбал е најтешката работа која постои. Па, со само 24 години, Умтити е веќе мајстор на овој занает.

Клубот долго време бараше играч кој ќе игра со Пујол и Пике, покасно само со Пике, но Барса никако не успеа да погоди. Поради тоа, Маскерано, од својата природна позиција мораше да ја засилува одбраната.

Фудбалерот има смешна ниска откупна клаузула од 50 милиони евра, а доколку потпише нов договор, кој се очекува да биде на четири или пет години, истиот со сигурност ќе биде со поголема сума. На тој начин, Барса во своите редови ќе го има најдобриот дефанзивец во светот во годините на својата кариера.

https://www.youtube.com/watch?v=0PCnFGehM30

поврзани објави

Последни објави