На само неколку дена до истекот на преодниот рок во АБА-лигата, управата на МЗТ ангажираше уште еден кошаркар кој би дошол како добро освежување за тимот од Аеродром.
Се работи за Девон ван Острум (24) висок 193 сантирмети од Велика Британија и игра на двете бековски позиции. Договорот е со валидност до крајот на сезоната со можност за продолжување. Тој доаѓа од грчкиот прволигаш од екипата на Короивос
Ван Острум е актуелен репрезентатицевц на Велика Британија и прв избор на плејмејкерската позиција. Тој како и неговиот сегашен клупски колега Даниел Кларк ги минал сите младински категории во репрезентативниот дрес , а од 2011 на ЕП во Литванија па се до сега е постојано во тимот.
Тој својата кариера ја започнува во евролигашот Басконија а потоа остапуван на уште неколку шпански тимови , подоцна и за Цибона, финскиот Кувот.
Од новиот член на аеродромци се очекува да ја пополни празнината по отказот на Сулејман Диабате и да биде од голема помош на тимот во борбата за опстанок во регионалното друштво.