Играчот на ПСЖ Адриен Рабиот рече дека поединци во клубот имаат посебни привилегии.
Уште во текот на есента се пишуваше дека Нејмар е фудбалер кој во ПСЖ има посебни привилегии откако клубот го плати 222 милиони евра.
Рабиот тврди дека Нејмар не е единствен кој има посебен статус во ПСЖ, туку тој си има и другар во таа негова привилегија.
“Нејмар не е единствениот кој ужива дополнителни привилегии од клубот, истото е и со Мбаппе. Макар што тоа не ме допира, не обраќам внимание на тоа, ниту пак сам завиден, само констатирам“, рече тој додавајќи
– Нејмар воопшто не се однесува како ѕвезда, тој е едноставен и отворен во соблекувалната. Можеби е арогантен, но воопшто не е човек кој себеси сака да се прикаже како помоќен од другите кога станува збор за атмосферата во самата соблекувална.