18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Шулц си поднесе оставка од претседателската функција во СПД

Мартин Шулц вечерва соопшти дека си поднесува оставка од позицијата претседател на Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

СПД закажа вонреден партиски конгрес за избор на нов претседател на 22 април, кога ќе се избира наследникот на Шулц. До тогаш партијата ќе ја води градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц.

Според партиски извори, најсериозен кандидат за нов претседател на СПД е претседателката на парламентарната група, Андреа Налес.

СПД имаше најслаби изборни резултати на изборите минатиот септември, по што Шулц најави дека нема да влезат во нова коалиција за широка влада со конзервативците на Ангела Меркел. Сепак по неуспехот на Меркел да формира влада, Шулц го промени ставот и реши да започне преговори за нова владина коалиција.

Социјалдемократите постигнаа договор со конзервативниот блок, за кој на внатрепартиски референдум треба да се изјаснат околу 460 илјади членови на СПД.

Шулц беше критикуван од истакнати членови на СПД околу договорот со ЦДУ и кадровските решенија, па тој се повлече од предвидената позиција министер за надворешни работи.

поврзани објави

Последни објави