14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Во МРТ нема промени – Марјан Цветковски повторно е избран за директор

Стариот управен одбор на Македонската радио-телевизија на одржаната седница за нов извршен директор повторно го избра Марјан Цветковски, а за негов заменик Харун Ибраими.

На Цветковски мандатот му истекува во март годинава. Тој функцијата генерален директор ја извршува во 2 мандата од 2012 година. Тој лани им напиша писмо на премиерот Зоран Заев и на амбасадорот Џес Бејли во кое вели дека подолг период сметката на јавниот сервис е блокирана поради неподмирени обврски.

Македонската радио-телевизија не ги емитува бомбите иако лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, тогаш им достави цедеа со овие записи. Тогашниот директор на МРТ, Марјан Цветковски, изјави дека уредувачката политика на телевизијата не може да се управува според барањата на седумдесетина граѓани кои, како што рече, имаат свои цели. На новинарско прашање за содржината на 24-та бомба во која се слуша како врвот на ВМРО-ДПМНЕ решава кој ќе се вработи во МРТ, Цветковски тврдеше дека функционери од таа партија од него никогаш не побарале прилог по нарачка.

Повеќе за ова на: МакФакс

 

поврзани објави

Последни објави