fbpx
15.8 C
Skopje

Меси сосема отворено: Ние ги мразиме Челси, не сакаме дури ниту….

АКТУЕЛНО

Наредната недела на програмата се четири меча од првата рунда од нокаут фазата на натпреварувањето, а меѓу нив во среда силите ќе ги одмерат и старите ривали Барселона и Челси. Првиот меч се игра на Стемфорд Бриџ, а ѕвездата на каталонскиот клуб Лионел Меси откри дека во таборот на актуелниот вицепрвак на Шпанија не можат да се помират со фактот дека за свој противник ги добиле “сините“.

Тој во едно интервју призна дека ги мрази Челси и дека не е единствениот кој така се чувствува.

– Постојат играчи кои ги мразат Челси повеќе дури и од Реал Мадрид. Не верував дека ќе се слушнам себеси како го изговарам ова. Исто така не верував дека ќе видам нешто поголемо од ривалството меѓу Барса – Реал или Бразил – Аргентина, но ете…

Во историјата двата клубови се сретнале 12 пати во ова натпреварување, Челси славеше во четири наврати, Барса во три, додека пет наврати тимовите ремизираа.

https://www.youtube.com/watch?v=o8dYj6IAbQ0

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -