14.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

КУЧЕ ИСЧЕЗНАЛО ВО ГЕРМАНИЈА, А ГО ПРОНАШЛЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА: ПЕТ МЕСЕЦИ ПАТУВАЛО И ПОМИНАЛО ОКОЛУ 400 КМ

По одисејата која траела пет месеци и неколку стотици километри, кучето пристигнало во Швајцарија.

Припадниците на швајцарската брза помош со амбулантно возило забележале како куче лежи покрај патот во Цирих. Кога сопреле, виделе дека станува збор за тешко повреден куче од расата германски овчар. Го однеле во ветеринарна клиника, а потоа дознале дека кучето се вика Матовилка и дека исчезнала во близина на Франкфурт. Овие градови се одалачени околу 400 км.

Пресреќната сопственичка на Матовилка, Јасмин Вает вели дека кучето знаело да ја отвори влезната врата од куќата, но никогаш не бегало од дома.

Вает и нејзиното семејство успеале до некаде да го следат патувањето на Матовлика благодарение на одговорите на луѓето на новинарите и интернет известувањата за изгубеното куче.

„Секој пат кога ќе се помиревме дека нема да ја видиме, се јавуваше некој кој велеше дека ја видел“.

Матовилка имала неколку скршеници и внатрешни крварења, но сето тоа е средено со операции и таа оздравува.

поврзани објави

Последни објави