14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Меркел: Се уште не е дојдена на дневен ред визната либерализација за Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека се уште не е дојдена на дневен ред точката за либерализација на визниот режим меѓу ЕУ и Турција.

– Што се однесува до либерализацијата на визниот режим, тоа е во рамките на договорот меѓу ЕУ и Турција (за бегалците) беа определени условите. Не сме зборувале детално за тоа денеска, зошто има уште многу работа, посочи Меркел.

Таа истакна дека потребно придвижување и одредени дејствија од турска страна, кои се уште не се направени.

поврзани објави

Последни објави