Вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека Фени работи со полна пареа, таму сите одат на работа и земаат плата.
– Има едно ливче тука во кое што во март 2016 година се отпишани 51 милион евра, со еден ред. Управата за јавни приходи не нашла за сходно да влезе и ова да го провери, рече Анѓушев.
Тој рече дека Фени две години не поднесува завршна сметка во владата на ВМРО-ДПМНЕ. Има чесни луѓе кои го спасија Фени од стечај. Ве охрабрувам господине Ѓорчев да отидеме до Фени, да видите како работи, додаде тој во своето обраќање.
Ѓорчев во реплика до Анѓушев рече дека му е жал што Македонија има таков вицепремиер кој вели дека за него е прифатливо секакво име за државата, како да зборува за некакво име на автобуска станица, притоа нагасувајќи дека тие евтино го продале своето.