17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Гивен: Целта на Сити е јасна, Гвардиола е под огромен притисок…

Некогашниот познат голман на повеќе англиски клубови, меѓу кои и Сити, Шејн Гивен за “токспорт“ вели:

– Ако сме искрени, мислам дека тие ја изгубија битката на „Енфилд“. Голема беше задачата за пресврт на реваншот, штетата веќе беше направена. За шест дена беа исфрлени од ЛШ и загубија од вечниот ривал Манчестер Јунајтед, тоа секако е разочарувачки.  Мислам Пеп ќе биде под притисок, не само за оваа сезона, туку воопшто генерално. Сопствениците  бараат успех и трофеи. Оваа година премиерлигата е освоена што е фантастично, но Лигата на шампионите е нивната крајна цел. И сигурен сум дека ќе го сторат тоа. Ако продолжат да одат на патот, тогаш сигурно ќе триумфираат- рече Гивен.

поврзани објави

Последни објави