Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, одговори на денешната реплика на Владимир Ѓорчев, за ситуацијата во фабриката „Фени индустри“.
Анѓушев презентираше нов документ според кој во март 2016 година биле отпишани 50 милиони евра од сметката на „Фени“.
–УЈП не нашла за сходно да влезе ова да го провери. „Фени“ две години за време на претходната власт не поднесува завршна сметка, никој не го праша „Фени“ зошто не поднесува завршна сметка. Некој фабриката ја однесе во стечај, но има чесни луѓе што ја спасија од стечај – рече Анѓушев, и притоа додаде:
-Вие толку не разбирате економија што Данев сакајќи да ме критикува, ме пофали. Рече дека 20 милиони евра должам за кредити. Не должам толку туку имам депозити, моите фирми должат, но имаат промет над 120 милиони евра. Тоа е 15 отсто од задолжувањето, со 15 отто ги водам задолжени фирмите. Имаше убаво време во Макеоднија кога беше задолжена 20 отсто. Жал ми е што немам повеќе време – рече Анѓушев на кој му следуваа само три минути за одговор на репликите.

