18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Апелација ја отфрли жалбата на Чавков, тој останува во притвор

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата и го потврди решението на Основниот суд Скопје 1, со кое поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, потврдија од судот.

Второстепениот суд го одбил и барањето на Чавков за обезбедување на гаранција за да може да се брани од слобода, бидејќи, како што потврдиле Апелација, тоа било некомплетно.

Чавков, заедно со поранешните колеги од МВР Душко Лазаров, Митко Пешов и Оливер Поповски, како и Горан Ѓошевски од обезбедувањето на поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, беа вратени во „Шутка“ еден ден по поднесувањето на обвинението за „крвавиот четврток“. Два дена претходно Врховниот суд, постапувајќи по нивните жалби, им одреди куќен притвор.

поврзани објави

Последни објави