23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

СДСМ: Со ниското ниво што го промовира, Мицкоски покажува дека останува заробен во поразените политики на неговиот претходник Груевски

Ниски страсти, црни кампањи, поигрување со судбините на граѓаните, попречување на правдата и злупотреби на судските процеси беа одлика токму на 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.

Денешното, во најмала рака срамно обраќање на наследникот на Груевски, Христијан Мицкоски, каде со ист речник, со ист интензитет се шират лаги и манипулации, покажува дека тој се уште е заробеник на политиката на неговиот претходник.

Тоа ниско, приземно ниво, што го промовира Мицкоски говори многу за него и за жал со тоа продолжува да ја оддалечува ВМРО ДПМНЕ од прогресивните, демократски сили што ја движат Македонија напред. Очигледно е дека Мицкоски се уште не може да се оттргне од старата, поразена матрица на создавање омраза, поделби и конфликти во општеството.

Времето кога политиката се мешаше во судството, Груевски беше главен обвинител и судија, а судските процеси се нарачуваа и монтираа во премиерски кабинети, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Македонија, колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, е правна држава со неселективно владеење на правото и секој што направил какво било прекршување на законите одговара за своите постапки.
Скопје, 18.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

поврзани објави

Последни објави