4.8 C
Skopje
Tuesday, March 18, 2025

Еден е Мохамед! (ВИДЕО)

После првата полуфинална пресметка меѓу Ливерпол и Рома во Лига на шампиони, можеме да кажеме дека “Еден е Мохамед“. Таа вечер на Енфилд, египетскиот репрезентативец испиша фудбалска и човечка историја. Довчерашниот првотимец на Рома во очи на натпреварот, при самиот излез на теренот ги поздрави сите свои поранешни соиграчи и им укажа почит.

Салах два пати асистираше, но и два пати маестрално погоди…. Кај маестралните голови не се радуваше претерано, во знак на почитување кон некогашниот негов клуб, односно ги креваше рацете горе и после прегратката со соиграчите, се спушти на земја и се помоли заедно со својот врсник, Садиом Мане. Тој е на најдобар пат да ја освои Лигата на шамиони со својот тим од Ливерпул, а кој знае што ќе направи со Египет на Мундијалот. Ја однесе својата татковина на СП во Русија, а последниот пат египќанините играле на СП во Италија 1990, кога Салах не бил ниту роден. Токму во Италија, во Рим, Салах се бори за финале од ЛШ против својот довчерашен соиграч, Един Џеко.

 

https://www.youtube.com/watch?v=ixAtQBVmd6s

поврзани објави

Последни објави