Актерот Алден Еренрајх ќе го толкува ликот на Хан Соло во три спин-оф продолженија на серијалот филмови „Војна на ѕвездите“, соопшти продукциската куќа Лукасфилм.
Првиот од трите филма е веќе во постпродукција, и ќе ја има својата премиера следниот месец. Актерот потврди дека потпишал договор за три филма, пренесува „Есквајер“.