На прес конференцијата по средбата со Алексис Ципрас, премиерот Зоран Заев изјави дека дискутирале опции за прашањата кои останале отворени. Меѓу различните опции утврдиле една „која може да биде прифатлива за двете страни“ и останува да се дискутира со претседателите на Македонија и Грција, со опозицијата, и ако се прифати нешто ќе биде официјализирано.