6.8 C
Skopje
Monday, March 17, 2025

Мицкоски го кани Заев на дуел во среда во 20 часот на МРТВ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој го покани премиерот Зоран Заев, на ТВ дуел денеска на Фејсбук предлага да се сретнат следната недела, во среда во 20 часот на јавниот сервис Македонска телевизија

„Подготвен сум во текот на наредната недела, во среда, во 20 часот на јавниот државен сервис Македонска Телевизија, без ракавици и апсолутно држејќи се до вистината, да се оддржи дебата на која ќе разговараме за името, и не само за него, туку и за апсолутно лошата економска состојба, тешкиот живот на граѓаните, за бројните скандали и изневерените очекувања. Јавноста заслужува одговори, а јас немам што да кријам, затоа што во политиката влегов со чест, принципи и достоинство. Така и ќе продолжам во иднина, затоа што вистината нема цена, а граѓаните заслужуваат многу подобро!“, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Заев, претходно ја прифати понудата за ТВ – дуел, остана само да се прецизира тајмингот и медиумот.

поврзани објави

Последни објави