Мохамед Салах како најголема ѕвезда на Ливерпул оваа сезона беше дел од симпатично и помалку необично интервју за УЕФА, во кое доби една несекојдневна задача за време на снимањето по повод големото финале во Лигата на шампионите.
Претстојната сабота на програмата е големиот меч во Киев во кој силите ќе ги одмерат Ливерпул и бранителот на титулата Реал Мадрид, а една од задачите кои ги доби Салах во најавата за овој дуел беше да ги покаже своите квалитети во цртање.
Египѓанецот доби необичен предизвик да се нацрта самиот себе, а цртежот кој го изработи дефинитивно беше доста комичен и брзо стана вирален хит на интернет.
Mohamed Salah. A true artist 🎨😃#UCLfinal @LFC @MoSalah pic.twitter.com/NNlrg22miK
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) May 21, 2018
Извор: Дерби.мк