Од денеска со нови цени се цигарите „Бос“, „Вест“, „Давидов“ и „Родео“. Сите видови на „Бос“, „Вест“ меко, „Давидов класик“ како и сите видови на цигарите „Родео“денеска поскапеа за пет денари. Цигарите од брендот „Давидов шејп“ ќе се купуваат за 10 денари поскапо.
Од 1 јули 2016 до први јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за цигара секоја година. Со ваквото покачување, до 2023 година се очекува кутија цигари да поскапи и за 40 денари.