6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Анастасија Деа Богдановска во гол профил – Охрид и сè е можно (ФОТО)

Македонста ТВ водителка на Канал 5 ТВ, шармантната и маркантна Анастасија Деа Богданоска деновиве одмора во Охрид.

Освен плажата и летните лудории, Деа времето го користи да прошета и уште еднаш да ги разгледа  културно историските споменици, црквите и манстирите, да го доживее и впие духот на градот на словенските просветители и сите негови убавини и вредности.

Водителката очигледно не е сама што потврдуваат фотографиите на кои е во друштво на уметницата која своите уметнички дела и ракотворби ги потпишува под псевдонимот „Архитеи“, иако јавноста веројатно повеќе ја интересира дали има и „трето лице“ кое ги направило фотографиите или е тоа го сторил некој случаен минувач, замолен да слика.

Како и да е, токму „Архитеи“ очигледно е иницијаторот за „голиот профил“ на Анастасија, кој неодамна таа го постираше на својот профил на Инстаграм. На него во профилот на  разголеното тело на водителката и нејзиниот рачно изработен профил во вид на обетки кои висат на нејзините уши, направени од вештите раце на „Архитеи“.


„Убав поглед за совршен изглед…“  – што би рекле некои нејзините следбеници на социјалните мрежи на што привлечната водителка одговори: „Немам јас толку совршен профил колку што @architei знае да го пренесе на обетки“.

Извор: Вистина

поврзани објави

Последни објави