1.8 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

Најзгодната наша водителка со детали од младоста

Најзгодната македонска водителка која имаме прилика да ја гледаме секој работен ден на Сител телевизија во квиз шоуто „Се или нешто“, Лила Филипоска секогаш се грижи за своето тело и својата линија.

Благодарение на разни козметички третмани, антицелулитни масажи, разновидни третмани на лицето, Лила секогаш изгледа прекрасно.

Неодамна таа гостуваше во емисијата „Вечер со Тијана“, каде се појави во доста провокативно издание, па ги покажа своите секси нозе и витка линија.

Тијана и даде позитивни комплименти за изгледот на Лила и истакна дека секогаш изглед топ без оглед дали е на телевизија, на кафе или во некоја опуштена атмосфера.

„Тоа е мојот начин на живот. Јас кога работев како медицинска сестра додека студирав, затоа што работев како медицинска сестра пред да почнам да работам на телевизија, ме викаа „сестрата со карминот“, затоа што при секое влегување во сестринската соба јас си го поправав карминот“, изјави Лила во емисијата.

поврзани објави

Последни објави