5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Зоран Заев бега од Договорот од Пржино – како од чума

Зоран Заев како од чума бега од договорот од Пржино. Кога му требаше насилно да ја зграпчи власта, тој договор беше добар, ама сега кога треба да се постапи на исти начин како во 2016 година, тој договор не сака да го почитува. Дволичен лицемер, повторно се служи со лаги и изјавува дека договорот се однесувал само на промена на технички премиер на 100 дена пред закажаните избори, но не и за промена на министри и заменици министри со право на вето. Не прифаќа техничка Влада. Сега немало потреба за тоа!? Не е Зоран Заев тој што одлучува дали има или наме потреба. Тоа не зависи од вољата на Зоран Заев, туку од одредбите од договорот, му се допаѓало тоа нему или не.

Зоран Заев прави очајнички обиди да ја избегне примената договорот со кој насиилно дојде на власт. Во паничен страв дека ќе ја изгуби власта, се служи до дрски манипулации и безобзирно лаже.

Што го плаши Зоран Заев во договорот?
Како правен акт, договорот од Пржино правно-технички не е уреден во членови, туку е нумериран со римски броеви од I до V. Договорот има уводен дел и преамбула која содржи 5 точки, во која се наведни појдовните основи за склучување на договорот. Содржината на договорот е наведена во нумерираните римски броеви од I до V и тоа:.

“I. На 20 октомври 2015, нов Министер за внатрешни работи ќе биде именуван на предлог од СДСМ, а по спроведени консултации со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Министерот кој ќе биде именуван ќе ја врши функцијата како техничко лице (функционер).

II. На 20 октомври 2015, нов Министер за труд и социјална политика ќе биде именуван на предлог од СДСМ.

III. На 20 октомври 2015, нови, дополнителни заменици-министри ќе бидат именувани во Министерство за внатрешни работи и Министерство за труд и социјална политика на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и во Министерство за финансии и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерство за информатичко општество и јавна администрација, на предлог на СДСМ. Овие заменици-министри ќе ги имаат сите права за контрола и вето на работата на своите министри во сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со изборите. Сите претходно споменати нови министри и заменици-министри ќе останат на своите позиции во новата влада за која се зборува подолу.

IV. Актуелната влада формално ќе поднесе оставкадо парламентот во соодветно време за да се овозможи новата влада да поднесе заклетва на 15 јануари 2015, односно 100 дена пред одржувањето на парламентарните избори кои ќе се одржат на 24 април 2016. Новата влада ќе ја предводи Претседател предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а владината програма ќе се ограничи на организирањето на изборите, и точка

V. Погоре наведеното правило дека актуелната влада ќе поднесе оставка на 100 пред следните избори по што ќе биде избрана нова влада, ќе биде применливо за изборите во април 2016, а по потребните законски измени, кога ќе биде можно истите да се спроведат, ќе биде правило за сите наредни избори.

Во точката V сосема јасно е наведено дека погоре наведеното правило актуелната влада да поднесе оставка на 100 пред следните избори, по што ќе биде избрана нова влада, ќе се применува за изборите во април 2016, а по потребните законски измени, кога ќе биде можно истите да се спроведат, ќе биде правило за сите наредни избори.

Мора да се спроведат одредбите од Пржинскиот договор и да се извршат измени во Законот за Владата, Изборниот законик и да се изврши избор на ДИК

Тоа е редоследот на дејствијата што мора да бидат преземени. Зоран Заев овие одредби мора да ги почитува. Тој не сака да го прифати правилото одредбите од Пржинскиот договор да се однесуваат на сите наредни избори и тоа правило да биде вградено во законите. Како докажан манипулатор и лажливец, веќе се обидува да ја избегне примената на одредбите од договорот, но овој пат тоа нема да му успее. Лажеше во 2016 година и измислуваше непрочистен избирачки список и два пати ги пролонгираше изборите, кои не се одржаа во април 2016 година, туку во декември. За тоа време техничките министри и заменици министри со право на вето, ги извршуваа функциите и го припремаа теренот на кражба на изборите. Претседателот на Владата не 100 дена, туку една година беше надвор од вршењето на фунцијата. Тоа ли е почитување на закон, тоа ли е правдина? Тие селски итроштини на познатиот лажго веќе неможат да поминат никогаш. Народот го прочита и веќе ништо не му верува.

Лагите на Зоран Заев завршија. Одредбите од договорот од Пржино мора да се спроведат на исти начин како што беше во 2016 година. Нема бегање од вистината.

Извор: Република

поврзани објави

Последни објави