Мојата сопруга не работи…Готви вечера, сервира маса, потоа мие садови, средува кујна, а остатокот од храната ја дава на нашето куче. Откако ќе им помогне на децата да ги завршат домашните задачи, таа им помага да облечат пижами, да измијат заби, бидејќи е време за спиење. Бебето е веќе избањато и пресоблечено, па му дава да јаде. И потоа одмара. Затоа што, знаете не мора да стане рано за на работа.
Рашел Кастелбери е мајка од Флорида, САД, која на својот профил на Фејсбук го изјасни својот револт во однос на третманот на жените кои ‘не работат’, прашањата кои постојано ги добива од страна на луѓето и нивниот однос кон домаќинките.
Интернет магазинот atma.hr нè потсети на Рашел, посебно на позитивните реакции кои таа ги доби после објавата на статусот минатата година. Истиот беше споделен повеќе од 300 000 пати, а имаше и многу коментари за поддршка.
Се започна со замислена конверзација помеѓу сопругот и неговиот психолог која одеше вака:
Мојата сопруга не работи
Разговор помеѓу мажот (М) и неговиот психолог(П):
П: Со што се занимавате г-не Роџерс?
М: Работам како сметководител во банка.
П: А Вашата сопруга?
М: Таа не работи, таа е домаќинка.
П: Кој го подготвува појадокот во вашето семејство?
М: Мојата сопруга.
П: Во колку часот наутро станува таа?
М: Рано станува, бидејќи мора се да организира. Подготвува ручек за децата. Се грижи да бидат добро облечени, исчешлани, измиени. После појадокот, мијат заби, жена ми го подготвува приборот за училиште. Наутро се буди со нашето бебе кое треба да се преслече и да се облече. Додека го дои, подготвува појадок за сите.
П: Како вашите деца стигнуваат до училиште?
М: Мојата сопруга ги вози, затоа што не работи.
П: Откако ќе ги остави, што таа прави?
М: Најчесто, прво мисли на сè што треба да заврши во текот на денот, потоа оди во банка да ги плати сметките, па до супермаркет со бебето. А, понекогаш , ако заборави да купи нешто, се враќа повторно до градот со бебето. Кога ќе стигне дома, го преслекува бебето, прави оброк за него, потоа го дои и го заспива. Додека спие, таа доаѓа во кујната и подготвува ручек, пере алишта, пегла, ја чисти кујната. Ама, знаете, таа не работи.
П: Откако вие ќе се вратите од работа дома, што правите?
М: Одмарам, секако. Уморен сум од целодневната работа во банка.
П: А што прави Вашата сопруга навечер?
М: Готви вечера, сервира маса, потоа мие садови, средува кујна, а остатокот од храната ја дава на нашето куче. Откако ќе им помогне на децата да ги завршат домашните задачи, таа им помага да облечат пижами, да измијат заби, бидејќи е време за спиење. Бебето е веќе избањато и пресоблечено, па му дава да јаде. И потоа одмара. Затоа што, знаете не мора да стане рано за на работа.
Ова е дневната рутина на многу мајки низ светот, почнува наутро и продолжува сè до ситните часови во ноќта… И после сето ова некој вели “таа не работи”?
Домаќинките немаат диплома, но тие имаат клучна улога во семејниот живот. Секоја жена треба да се цени за тоа што го работи во домот бидејќи жртвата која ја прави е голема. Можеби тоа не можат сите да го видат, но време е подобро да се отворат очите и да се види целата слика.
Затоа Рашел, како мајка и жена која “не работи” направила попис на задачите во текот на денот и ги објави како на статусот на својот Фејсбук профил.
Еднаш некој ја прашал – тие не работиш? На што таа одговорила: Јас работам дома 24 часа во денот.
„Јас сум мајка, јас сум жена, јас сум ќерка, јас сум аларм, јас сум готвачка, јас сум слугинка, јас сум мајстор, јас сум келнерка, јас сум дадилка, јас сум медицинска сестра, јас сум физички работник, јас сум обезбедување, јас сум советник, јас сум утеха, јас немам годишен одмор, јас немам дозвола за болест, јас немам слободен ден, јас работам и дење и ноќе, јас сум на должност цело време, јас не примам плата…
А сепак, често слушам коментари – Што работиш ти по цел ден…“
Жената е столбот на секое семејство, делот од сложувалката кој ако го нема се распаѓа целата слика. Таа треба да се почитува и негува. Жената е како солта, нејзиното присуство не е забележливо, но нејзиното отсуство ве остава без вкус.