Дека е лидер покажа во најтешкото македонско време, покажа дека може на својот грб да ја изнесе Македонија од силната економска криза, да ги враќа долговите кон странство без да се задолжува, успеа само со буџет од една милијарда и триста илјади марки да ја гради и брани Македонија!
Ова е вистинската патриотиска димензија, луѓе кои ја водеа Македонија и во бојно и во мирно време.
Политичарите кои беа спремни да потпишуваат и да даваат наредби тогаш кога ни беше најтешко се многу ретки, а прв од нив е токму лидерот Љубчо Георгиевски.
На хартија може да се напише се и сешто, може да се напише и програма од илјадници страници, но самите ние сме сведоци дека ретко што од тие нивни програми се исполнува. Четирите години на Георгиевски беа најдемократските години од 90-те години до денеска! Тоа беа години кога немавме програми со илјадници страници, но имавме слободни медиуми, независно судство, немаше една фирма која беше казнета од Владата, се нудеше економски просперитет а граѓаните беа слободни.
Со голема воена криза, буџетот на Република Македонија беше со една милијарда и триста марки. Во споредба со тогаш денеска има пет милијарди евра. И покрај огромната разлика во буџетите тогашниот лидер не ја задолжуваше Македонија, државниот долг не беше зголемен ниту за 100 милиони евра, имавме најдобар стандарт во овие простори на Европа. Да не зборуваме за нашето здравство кое и после 20 години е за десет пати полошо и урнисано, образованието, земјоделието итн итн…
Што да кажеме денес?
Еден наш екс премиер во телефонските разговори т.н „бомби“ го слушавме како не се осмелува да го изговори тоа на „М“ и истото го криеше од јавноста бидејќи за него потрошил 600. 000 евра народни пари, во сиромашна држава каква што е Македонија!
Арно ама, видовме дека не само екс премиерот, туку и нашиот сегашен премиер имал страв да го изговори тоа на „М“. Исто страв, да не му погреши на народот, немој случајно да го слушнат или откријат како го изговара тоа на “М“. Ама за разлика од првиов случај, овде на грчкиот народ! На грчките политичари!
И во едниот и во другиот случај имаме двајца премиери кукавици, кои се подготвени на СЕ само за да не им падне рејтингот. Додуша, едниов го жртвуваше Мерцедесот од 600. 000 евра кој пак остана во државава, за сеа во него да се возат неговите наследници, додека вториов во настапите го жртвуваше исконското име на државава која е сопственик на тој Мерцедес – НАШАТА МАКЕДОНИЈА!!!
И двете групи предводени од нив водеа пропаганда против војводата – де за Бугарија, де за Грција. И сеа пак си дојдоа на неговото, иако претходно преку нивните медиумски перјаници му лепеа етикета на “предавник“ за истото она што сега тие го прават на многу побезобразен и дрзок начин, кој и те како ќе биде со поголеми последици за оваа држава и овој наш народ!
Пишува: Благојчо Димитровски
Редакцијата на порталот „Поглед“ се оградува од изнесените ставови на авторот. Текстот е слободен за преземање.