4.8 C
Skopje
Saturday, February 15, 2025

Хари Локвенец за фирмата која лапна 160 илјади евра: Акционер сум, ама никогаш не сум раководел со истата

По вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец во изјава за 1Тв вели дека ги повикал содружниците да се откажат од грантот тежок 162.000 евра од Фондот за иновации.

– Ги повикав содружниците да се откажат од грантот од Фондот за иновации од 160.000 евра. Морам да потенцирам две работи. Прво дека никогаш не сум учествувал во раководењето на фирмата, а акционер сум од 2000-та година. Второ имам друга фирма на исто име и иста жиро сметка, фирма која ја имаше во бомбите, која беше наменски казнувана цел тој период.

Мора да потенцирам дека во оваа држава мораме да ја градиме довербата во институциите и само така ќе ја изградиме европска Македонија за која сите сонуваме, вели Локвенец.

Извор: Курир

поврзани објави

Последни објави