Потребни состојки:
5 кг сливи (или друго овошје) +-
3 лимони
1 стапче ванила
Мед ( на секоја тегла по 3 лажици)
2-3 литри вода (зависи колку тегли ќе полните)
Тегли и капаци
Постапка:
Теглите и капаците добро измијте ги и исушете ги во рерна на 150 степени. Сливите измијте ги, оние што се меки издвојте ги бидејќи за компот се најдобри оние поцврстите.
Зовријте 2-3 литри вода, стапче од ванила и тркалца од лимон.
Во подлабок лонев ставете крпа или чаршав, налејте околу 2 литри вода и ставете на рингла да се загрева. За тоа време наполнете ги теглите со овошје, налијте со сируп и добро затворете. редете во лонец со вода и варете околу 20-30 минути.
Во некоја кадичка со ќебе редете ги варените тегли, превртете ги наопачки, добро завиткајте ги и оставете ги до следниот ден полека да изладат.
Чувајте ги на темно и ладно место, користете ги за колачи, торти или едноставно ако сакате здраво да се засладите…
Видео: