Според календарот летото веќе е на средина, но според временските температури не може да се пофалиме со пеколни горештини.
И покрај тоа што нема високи временски температури, македонските јавни личности ги полнат батериите некаде на плажа. А на некои од нив им се погоди времето, па се расоблекоа во бикини и „фаќаа боја“.
Македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска по напорниот и работен период ги полни батериите заедно со нејзиниот сопруг Мартин и нејзините ќеркички.
Пејчката на својот Фејсбук сподели фотографија како ужива, а нејзиниот сопруг во костим за капење го покажа голишавото тело целото со тетоважи.
Ако судиме по насмевката на пејачката, Сани сигурно ужива и добро ќе се одмори за да се врати на нејзините професионални ангажмани.
Извор: Вистина