Откако владата на Македонија соопшти дека ќе даде 97 илјади евра на Грција, Албанија исто така се вклучува со донација од 100 илјади евра по смртоносните пожари во Источна Атика во Грција. Премиерот на Албанија Еди Рама веќе го потпишал решението за донирање на сумата.
Со статус на ФБ тој изрази поддршка за грчкиот премиер Алексис Ципрас и грчкиот народ во овие тешки времиња.
“Албанија се чувствува многу блиску до Грција во овие трагични часови за луѓето, кои ги загубија блиските и се исправени пред тешките последици од пожарот!
Албанската влада штотуку одобри донација во името на солидарноста со нашите браќа, напиша Рама.