Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека Европската унија и САД не се непријатели, туку сојузници и треба да работат заедно, а претседателот Доналд Трамп рече, дека очекува многу позитивни работи од средбата со Јункер.
Ние сме блиски партнери, сојузници, а не непријатели и треба да работиме заедно, рече Јункер.
Трамп изрази надеж, дека минимумот, кој го посакува, е заедничко дејствување во трговијата.
Според светските медиуми со овие зборови тие двајцата даваат сигнал за смирување на односите и ќе се обидат да стават крај на трговската “војна“.