4.8 C
Skopje
Saturday, February 15, 2025

Живеам како кралица во Канада, но не сум среќна…. во мене се кријат тајни кои на никого не сум ги кажала!

Живеам во Канада со семејството откако се отселив од мојата родна семја поради желба за подобар живот мој и на мојата фамилија. Тука супер се снајдовме, добро платена работа имаме и јас и маж ми.

Купивме куќа со огромен двор каде што си играат нашите две прекрсни дечиња. Купивме брза и опасна спортска кола со која јуриме низ цела Канада….Навидум совршено, но труло внатре во мене, во мојата душа, во моето срце….

Тоа што мене ме убива, тоа што го потиснувам длабооко во моето минато, тоа што се обидувам да го заборавам секој ден само уште повеќе излегува на површина и ме утепува, не ми дава мир и спокојство на душата, е нешто со кое морам да живеам цел живот а за кое не знае никој, па дури ни маж ми….

Се иселивме од нашата родна земја на моја иницијатива….ме силуваше мојот татко. Останав бремена од него и морав да абортирам. Нешто што никогаш нема да можам да го заборавам и кое ќе ме прогонува цел живот… Најтрагичното сега доаѓа…татко ми силувал и други жени и само што дознав дека бил болен од сида….

Останав запрепастена. Среќа веќе два месеци откако се деси тој одвратен чин немам легнато со маж ми…Треба да се тестирам сега, треба да му кажам на него, дали ќе ме разбере….што ако имам и јас сида?

поврзани објави

Последни објави