Великодушна, храбра, сензуална, упорна, љубезна, верна, поштена, темпераментна, горда, полна со ентузијазам – тоа е жена родена во знакот Лав.
Со овој хороскопски знак владее Сонцето, центарот на вселената, па така и Лавицата сака да биде во центарот на внимание. Таа има авантуристички и силен дух, а благодарение на нејзината интелигенција, креативност и амбициозност таа секогаш ги остварува своите цели.
Секс и врски
На Лавицата и потребен силен маж кој нема проблеми со самодоверба. Врската мора да биде динамична, полна со заеднички и забавни активности поради тоа што не поднесува монотонија. Сексот и доста важен и е најдобар начин партнерот да и покаже колку е посакувана За неа во сексот нема табуа, сака да проба се, а подеднакво и се важни и сопственото и задоволството на партнерот . Најдобри партнери за љубов и секс и се Близнаците, Стрелците, Вагите и Рибите.
Пријателство
Великодушната Лавица на своите пријатели им дава многу, но очекува да и се врати во иста мерка. Верна е и толерантна, а ќе ви прости се освен предавство.
Изглед
Шарлиз Терон е типичен претставничка на жените родени во овој знак. Коса како гривата на лавот, изразени црти на лицето, продорен поглед, широко чело и мали уши се физички карактеристики по кои Лавицата е препознатлива. Секогаш делува гордо и урамнотежено. Својот изглед сака да го украси со накит и други модни додатоци.
Стил
Нејзините бои се кралски: златна, портокалова и жолта. Сака фини материјали како што се свила и кашмир. Нејзините парфеми се силни, сладок мирис со ноти на кајсија и јасмин.
Познати Лавици
Во овој знак се родени некои од најголемите диви од светот на музиката и филмот: Мадона, Џенифер Лопез, Хали Бери, Шарлиз Терон, Ким Катрал…