4.8 C
Skopje
Saturday, February 15, 2025

Македонско семејство со мало дете со часови малтретирано од грчката полиција

Со петгодишно дете македонско семејство тргнало во Грција, а цариниците кај Кукуш со часови ги малтретирале. Приказната ја пренесува Инфомакс, до кој се обратило семејството.

– „Веднаш откако ја преминавме границата, во близина на Кукуш(Килкис) не застана сообраќајна полиција, иако немаше никаква причина освен можеби тоа што немавме безбедносни појаси. Откако ни напишаа казна не прашаа од каде сме, јас одговорив дека сме од Македонија по што полицаецот налутено изреагира.

Потоа ми ја зема сообраќајната и возачката дозовола, ги отстрани регистарските таблички и ни кажа дека ќе можеме да си ги земеме по шест месеци”, вели член на семејството за порталот и додава дека со детето биле во полициска станица и по три часа едвај им ги вратиле пасошите.

поврзани објави

Последни објави