За време на утрешниот празничен ден на повеќе места ќе има поизразена нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално тоа ќе биде и во форма на невреме со пообилен пороен дожд и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Поизразена нестабилност ќе има за време на државниот празник Илинден (четврток) и в петок кога на повеќе места ќе има поинтензивен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.
Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.