6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

МВР ќе ги гони лицата што фрлаа предмети по владината делегација во Крушево

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информира јавноста дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент при прославата на Илинден во Крушево, кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа со предмети кон присутните делегации.

Се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи во содејство со Јавното обвинителство презема мерки и за расчистување на случаите со ширење на говор на омраза на денешната манифестација во Крушево, соопшти МВР.

поврзани објави

Последни објави