-5.2 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

Кабинет на Иванов: Владата самата да си се запраша зошто Македонскиот народ ја исвирка

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов вечерва соопштија дека жалат за инцидентот во Крушево, но дека тој не бил предизвикан од пораките во говорот на претседателот.

– Петседателот на Република Македонија никогаш не поддржувал инциденти и говор на омраза. Жалиме што денеска владината делегацијата беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но сметаме дека тоа на ниту еден начин не беше предизвикано од пораките упатени од претседателот Иванов, пишува во реакцијата на Кабинетот на Иванов.

Оттаму и порачуваат на Владата самата да се праша зошто македонскиот народ на тој начин реагира кон владините претставници и, како што се наведува, таа да преземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците.

поврзани објави

Последни објави