Ливадата на село покрај воениот аеродром во Србија, е бела како облак кога се гледа од горе. Повеќе од 1.000 овци има на ливадата, а нив ги одгледува србинот Никола Богуновиќ.
58-годишниот маж е избран за најдобар бизнисмен и вели мило му е што некој го препознал неговиот труд низ годините. Тој вели дека секогаш му бил поддршка синот Далибор, кој има 36 години. Тој е главниот оперативец на работата.
–Патувам по светот, бев во Париз за да купам нови овци, секоја од нив е платена 5.000 евра, вели тој. За животните обезбедува 2.800 килограми сено.
Вели дека никој не ја работи оваа работа, иако е одлично платена со повеќе од 1.000 евра, а тој постојано е во потрага по работници.