Лила Стојановска е во Охрид! На одмор, релаксација и забава… Тоа знаат и врапчињата! Ама малкумина знаат дека покрај сите останати активности, водителката реши да проба нешто, што до сега не беше пробала. На суво е риба ипол, во вода исто така, ама под вода?
Имено, Лила реши малку да се опроба во нуркачките вештини, да го истражи во Охрид она што до сега го нема видено, а би сакала… Да дознае, каков е Охрид под вода?!


И додека таа со инструкторот ги правеше првите подводни чекори, камерата грижливо го бележеше секое нејзино движење… Впрочем, Лила многу малку нешта прави што не се овековечени пред камера! А ова беше баш за пред камера! Да се знае, кога Лила научила да нурка! А Лила како Лила, особено кога е пред камери, мора да е топ средена и дотерана.
А, ако веќе не може по цело тело, зашто е променета во задолжителното нуркачко одело, може она што се гледа над вода. Па, дали од навика, дали од убавина, Лила тргна да нурка под вода, претпазливо, полека, потроа, кроце…

Извор: Вистина