По коментирањето на нејзиниот изглед и стајлинг од страна на Сергеј Варошлија, Бети Цонева не му остана должна:
“Се прашувам дали дното на кариерата изгледа вака? Врвен талент кој од седативи и алкохол не се будеше со денови и изневери 250 невести и клиенти во својата кариера, стаса на ТВ да коментира малолетнички со отворени профили и кутри деца кои нема кој да ги одбрани, па малку беше, и се фати да ме коментира мене, на која споредна работа во животот ми е Фејсбук сликање од причина што сум презафатена со бизнисот, кој успешно го водам деценија и кусур.
Нека му служи на чест и нему и на оние кои му купуваат цигари… Пепел со секој салон, пепел ќе биде и емисијава… Со среќа… ќе ти треба“ – напиша револтираната газдарица, покрај постираните фотографии на својот Инстаграм профил!”