fbpx
5.8 C
Skopje

Џамбаски: Градоначалникот на Петрич е братучед на Заев

АКТУЕЛНО

Македонизмот е измислица на Србија. Тој, како антибугарска теза е мртов. Сакам да ги поздравам Бојко Борисов и Зоран Заев за тоа. За нас е важно да бидат демонтирани до крај антибугарските настроенија во Република Македонија, кои беа насадени од 1945 година. Македонија е една и таа е бугарска, изјави европратеникот на Бугарија, Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД на Каракачанов, познат по својот национализам.

Коментирајќи ја прославата по повод Илинден, Џамбаски и оваа година не пропушти да ги испровоцира и предизвика националните чувства во двете земји велејќи дека македонизмот е измислен од српскиот дипломат Стојан Новаковиќ од почетокот на 20-тиот век.

-Македонизмот е измислен како антитеза на бугарското население во Македонија, затоа што не можеа да кажат дека тие луѓе се Срби. Тоа е еден од најголемите антинационални проекти во историјата – изјави Џамбаски.

Според него од Охрид до Црно море и од Дунав до Егејското море има само еден народ, а тоа е вели бугарскиот народ, поделен во различни држави.

Според Џамбаски и роднините на премиерот, Зоран Заев, управуваат со општина во Бугарија, а тоа е општината Петрич. Градоначалникот на Петрич, Димитар Бручков, е, вели, втор братучед на Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -