Професорката од Институтот за национална историја Наташа Котлар, која беше гостин во отвореното студио на МРТ за Илинден, испрати порака до владејачката партија откако СДСМ ја осуди програмата од преносот и побара оставки.
„По повод заедничкото учество со професорот Михајло Миновски во пригодната емисија за ИЛИНДЕН на МТВ, ќе одговорам со парафразирање на една позната мисла: „Пукајте, ние и сега држиме историски час! Честит Илинден, Македонија вечна!“.
Фразата која ја употребува Котлар потекнува од Втората светска војна во Србија. „Pucajte, ja i sada drzim svoj cas“ му се припишува на директорот на гимназијата во Крагуевац, Милоје Павловиќ, кој бил стрелан од фашистите во октомври 1941 година, заедно со своите ученици.