Оваа година за првпат лежалки и чадори за сонце се поставени на плажата Милос на Лефкада, што предизвика бес кај мештаните, но и кај туристите.
Причината за незадоволство е што ова е единствена плажа на островот која не е комерцијализирана и која го зачувала природниот изглед. Во неделата беше одржан прв протест на Милос, а демонстрантите, повеќето жители на местото Агиос Никитар, дошле рано наутро на плажата и со црвена трака обележале место зафатено со лежалки, извикувајќи „Земете ги своите лежалки и заминувајте од овде“, објавено е на Фејсбук групата Грчки острови.
Протестите се најавени и за наредните денови. Се наведува дека единствено на оваа плажа природата останала недопрена поради што била атрактивна за илјданици Грци и странски туристи.
Грците со години се борат против тоа плажите да се експлоатираат и со тоа да се земаат повеќе пари од туристите. И покрај тоа плажите се преполни со лежалки, не може да се спушти пешкир и да се ужива, а се наплаќа премногу.
Наплаќањето на паркинг пред плажа, лежалки и чадор за сонце, пијалок кој со сигурност ќе го купите од кафулто на плажа, дневно по лице чини минимум 10 евра. Освен високи трошоци, на туристите им се намалува задоволството да уживаат на природна и неуредена плажа. На многу од плажите е забрането внесување храна и пијалоци, со што додатно се земаат пари од лебот на туристите