fbpx
18.8 C
Skopje

Стевчо Јакимовски се обиде вината да ја префрли врз вработените во општина Карпош

АКТУЕЛНО

Стевчо Јакимовски синоќа, нешто пред полноќ беше приведен во полициска станица, а денес беше изведен пред истражен судија. Стевчо при влегувањето во судот ја подигна раката и покажуваше некакви патриотски гестикулации, но и ги опсу присутните новинари кои само го замолија за коментар. Навистина крајно вулгарно и непотребно.

Инаку вчера, додека се вршеше претресот во еден од неговите имоти, Стевчо најљубезно даваше изјави на новинарите, патем, тој во својата изјава истакна дека дури и да имало некаков пропуст, не е тој виновен, туку некој од вработените во општината:

“-Сите до еден кажуваат дека таа работа нема никаква врска со градоаначлникот ниту пак јас имам било каква врска со банкарската гаранција. Во вториот случај фирма која не го испочитувала договорот, сме го раскинале договор, сме ги дале на суд за надомест на штета. Службите заборавиле да ја активираат банкарската гаранција, но и во едниот и во другиот случај нема ама баш апсолутно никаква врска со мене како градоначалник.

Во првите два случаи се работи за општинските бараки со фирма со која пет години сме на суд и ние не можеме да се добраниме од нападите на таа фирма. Сега очигледно е дека се здружиле заедно, со Финансиската полиција и судството. Им стоиме на располагање за се штo треба, максимално ќе соработуваме со истражните органи да се расчисти оваа работа, вели Јакимовски.”

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -